На популарната платформа доаѓа нов биографски филм за Витни Хјустон

popara24 август, 20231min00
o_30145155_1280

Обожавателите на легендарната пејачка од 27 август ќе можат да го гледаат новиот биографски филм „Whitney Houston: I Wanna Dance with Somebody“ на стриминг платформата HBO Max. Филмот е портрет на сложената и мултиталентирана жена каква што беше Витни Хјустон, од девојка од хор од Њу Џерси до една од најпродаваните и најнаградуваните музичари на сите времиња.

Во филмот публиката ќе има можност да го следи нејзиното инспиративно, трогателно и емотивно патување низ животот и кариерата до нејзината трагична смрт. Новиот филм е триумфална прослава на ненадминатиот музичар и е исполнет со изведби кои ќе ја остават публиката без здив, како и најомилените хитови на музичката икона.

image

Витни Хјустон во филмот е портретирана од англиската актерка, добитничка на наградата БАФТА, Наоми Аки, а на актерската екипа и се придружуваат Стенли Тучи во улогата на Клајв Дејвис, музичкиот продуцент на Хјустон и Ештон Сандерс во улогата на Боби Браун. поранешниот сопруг на музичарот. Режисер на филмот е Каси Лемонс, сценарист е Ентони Мекартен, а продуцент е Клајв Дејвис. Од нејзината смрт на 11 февруари 2012 година, снимени се два документарни филма за неа, иако и двата неовластени. Филмот не ја штеди ниту неа, ниту нејзините најблиски, но не е фокусиран само на скандалите што ја следеа во последните две децении од нејзиниот живот. Покрај HBO Max, филмот ќе се прикажува и на каналот HBO на 27 август во 20 часот.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma