Популарниот пејач Хари Стајлс одржа концерт во Инглвуд, Калифорнија каде имаше инцидент кога му пукнаа панталоните на сред настап, покажувајќи го меѓуножјето.
Видеото од настапот набрзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина ги насмеа изразот на лицето на пејачот кога сфати што се случило. Со неверување погледна во панталоните, а потоа се завитка во знаме.
По несреќата продолжи да пее, а потоа направи мала пауза и се пресоблече зад сцената. По враќањето на сцената и се извини на публиката.
– Ми пукнаа панталоните. Се чувствувам како да морам да им се извинам на неколкумина од вас напред. Вие, господине, дали сте добро? Се колнам дека тоа не е дел од шоуто – се пошегувал Хари.
На концертот била и популарната актерка Џенифер Анистон, која го слушала концертот од првиот ред.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Фановите на Хари веднаш се огласија на социјалните мрежи, а видеото добро ги насмеа:
„Паѓањето на панталоните на Хари пред Џенифер Анистон е најверојатно трауматичен момент за него“, „Џенифер Анистон била симпатија на Хари, а панталоните му паднаа точно пред неа“, „Само помислата дека моите панталони ќе паднат пред Џенифер Анистон би ме натерала да посакам да отидам во пензија“, гласат дел од шегите на Твитер на сметка на пејачот.