Деновиве Џенифер Лопез беше снимена како оди во теретана, која ја посетуваат многу холивудски ѕвезди.
ТМЗ пишува дека актерката била „прилично фрустрирана“ кога ја пречекала заклучена врата.
Таа тропнала и конечно некој од внатре ѝ ја отклучил вратата. По тренингот, Џенифер ја пречекале фотографи кои ја поздравиле, а таа налутено одговорила: „Е*ете се, чао“.
Претходната вечер актерката ја прославила годишнината од бракот со сопругот Бен Афлек. Двојката се венча минатиот јули во Лас Вегас, а еден месец подоцна повторно се венча на раскошна церемонија во имотот на Афлек Рисборо во Џорџија, САД, на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и семејството.
Џеј Ло и Бен се запознаа на снимањето на филм во 2001 година. Тие почнаа да се забавуваат во 2002 година и брзо се верија. Тие мораа да ја одложат својата венчавка, која беше закажана за септември 2003 година, но конечно се разделија во 2004 година. Во 2021 година, тие ја обновија својата врска откако Џеј Ло раскина со бејзбол ѕвездата Алекс Родригез.
@sitchchick Jennifer Lopez was pissed after she was locked out of a workout session for being late. She left the session telling the paparazzi “F you”. Clearly her seratonin was not boosted that workout 👀 – #jlo #jenniferlopez #gym #gymworkout #workout #trending #capcut #sitchchick