НЕВЕН – БИЛКА КОЈА ПРАВИ ЧУДА ЗА КОЖАТА: Неговата лековитост е позната уште од антички времиња!

popara24 октомври, 20231min00
neven

Во античка Грција, Рим и Арапскиот Полуостров, невенот се користел поради неговите лековити својства за лекување на низа проблеми – од убоди од шкорпија до изгореници и хемороиди. Подоцна, за време на Првата светска војна, цветовите и лисјата на невенот се нанесувале за да се дезинфицираат отворените рани на повредените и ранетите и да се забрза нивното заздравување.

Причината за тоа е што невенот содржи флавоноиди и линолова киселина, кои имаат антиинфламаторно дејство, а во исто време имаат и антибактериски и регенеративни својства.

Овие атрибути на растението со портокалови цветови имаат корист за сува и оштетена кожа, а екстрактот од невен во препаратите е особено добар за чувствителна кожа или кожа склона кон воспаление (на пр. егзема, псоријаза или акни). Освен тоа, ја омекнува, тонира и навлажнува кожата, поради што е важна состојка во производите за нега на кожата на телото и рацете. И одговара на сите типови кожа!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag