Сите ставаме ладна вода во нашите калапи за коцки мраз, но тоа е погрешно. Колку и да звучи неверојатно, тајната е во топлата вода, бидејќи таа побрзо ќе формира мраз.
Тоа е феномен познат како „Мпемба ефект“. За ова откритие е одговорен студент од Танзанија, Ерасто Мпемба.
Имено, тој забележал како жешкиот сладолед побрзо замрзнува отколку ладниот. Тој и го објавил своето откритие на јавноста шест години подоцна. Сепак, не е сосема јасно зошто тоа се случува. Постојат две можни објаснувања за овој феномен.
Првото е дека би можело да биде тоа што топлата вода побрзо да испарува, се намалува волуменот и да се формира мраз побрзо.
Според друго објаснување – кога се користи ладна вода, се создава слој кој делува како изолатор и е одговорен за побавно замрзнување.
Но, како и да е, тоа е помалку важно – она што е важно е дека постои мал трик за побрзо претворање на водата во коцки мраз и гостите не мора долго да чекаат за да испијат ладен, освежителен пијалок, пишува „Country Living“.