Памела Андерсон присуствуваше на доделувањето на Британските модни награди за 2023 година во Лондон во понеделникот вечерта (4 декември).
Актерката и модел, која дојде без шминка, на црвениот тепих ја покажа својата природна убавина, облечена во шик крем костум од Стела Макартни. Изгледаше неверојатно во предимензиониран волнен блејзер, кој слободно го закачи преку рамениците и бели широки панталони. Памела навлече маица одоздола и го комплетираше својот аутфит со пар црни потпетици со ремчиња. Ѕвездата ја стави својата руса коса во ниско опавче и се насмевна додека им позираше на фотографите.
Во видеото од зад сцената на облекувањето на иконата на стилот за ревијата на Вивиен Вествуд на модната недела во Париз, каде што се појави без шминка, објавено од Vogue France, Андерсон објасни зошто избрала да оди без шминка.
Памела Андерсон се осврнува на нејзиниот момент без шминка што го поттикнува движењето: „Ослободува“.
– Не знам, нешто ме обзеде, и се облекував во оваа прекрасна облека и си помислив: „Не сакам да се натпреварувам со облеката. Не се трудам да бидам најубавата девојка во собата. Чувствувам дека тоа е само слобода. Тоа е ослободување“, рече таа, истакнувајќи дека развива нов изглед и стил.
– Не ми треба стилист. Немам стилист. Немам глам тим. Јас само го правам ова, слободно – додаде Памела и објасни дека сака да биде модел за сите аспекти на убавината.
Памела изјави за Дејли Телеграф дека снимањето на сопственото обновено шоу „Рајската градина на Памела“ ја натерало да се стреми да им покаже на фановите „вистинската“ неа.
– Кога отидов на модната недела во Париз, решив да не се шминкам и навистина се чувствував како она петгодишно девојче од Лејдисмит кое мораше да ја носи облеката на Викторија Бекам – изјавила таа.
Ѕвездата со канадско потекло рече дека била изненадена откако слушнала дека дала „изјава“, која никогаш не била нејзина намера.
– Се чувствував толку слободно. Не требаше да биде изјава, не беше светски мир и не знаев дали некој ќе забележи. Не седам на шминкерот три часа. Се погледнав во огледало и реков: „Имаш скоро 60 години, ова е доволно добро, само уживај во Париз и не ја играј играта“, рече Андерсон.