Невообичаени солени палачинки: Направете ги од тиквички и компири

popara26 јуни, 20231min00
c5326981c7ef3b5eac5835ec0bba9360157006d3

Палачинките се брз оброк, а можете да ги подготвите на неколку начини

Можете да подготвите и солени палачинки од тиквички и компири и на тој начин да внесете нешто ново во вашата кујна.

Состојки:

1 тиквичка

2 компири

1 главица кромид

маст и сол

3 јајца

200 мл млеко

130 грама брашно

малку прашок за пециво

магдонос

Подготовка:

Тиквичките и компирите изрендајте ги, посолете ги и оставете ги на страна. Кромидот ситно исечкајте го, претходно пропржете го и оставете го да се излади.

Во поголем пластичен сад изматете ги јајцата, млекото, брашното, прашокот за пециво, магдоносот и ренданите тиквички и компирите, а потоа и кромидот. Сè убаво измешајте, па во тава со малку масло испржете ги палачинките.

Пријатно јадење!