Иако сите сакаат да се испружат во голем брачен кревет, мораме да признаеме дека љубовната авантура во автомобил има свој шарм. Тоа е возбудливо и различно од сè друго што ќе го пробате, и лесно може да се смета за еден вид јавнен секс. Сепак, голем број мажи не сакаат да имаат секс во автомобилот, бидејќи просторот најчесто е мал и тесен, па тука се јавува голема проблематика – поза и положба.
Некои парови едноставно не можат да се справат со овие ситуации и не можат да најдат поза што им одговара. Затоа решивме да ви помогнеме. Ги најдовме најдобрите жешки пози кои ќе ви помогнат да ја поминете најдобрата ноќ во животот во автомобилот.
- Љубовно седиште
Ова е поза во која мажот дефинитивно ужива. Едноставно седнете на совозачкото седиште и вашата партнерка нека ви седне во скут. Оставете ја да ги испружи нозете кон задните седишта, кои ќе и послужат како потпора. На овој начин ќе си поминете прилично лудо.
- Мисионерска на задното седиште
Ако имате седан или автомобил кој има прилично големо задно седиште, тогаш можете да го користите како кауч. Мисионерската поза е една од најлесните, така што е целосно изводлива на задното седиште од вашиот автомобил.
- Количка
Отворете го совозачкото седиште до крај назад и легнете на него. Нозете на вашата партнерка мора да бидат кренати кон вас, а нејзините раце мора да одат под контролната табла. На овој начин, положбата на нејзиното тело наликува на количка, поради што оваа поза има толку симпатично име.
- Лажица
Еве уште една поза што можете да ја примените на задното седиште. Вие и вашата партнерка мора да се свртите на страна, а таа да ја подигне едната нога нагоре. Потоа, како лажица, ќе покажете зошто толку многу го сакате вашиот автомобил.
- Брачен багажник
Ако имате караван со голем багажник и седишта кои се спуштаат, можете да имате ноќ што дури може да се спореди со брачен кревет. Кога ќе ги преклопите седиштата и ќе го максимизирате просторот во багажникот, ќе имате место за најлудите керефеки.