Во многу домови веќе се започнати подготовките за претстојните празници. Овие подготовки вклучуваат и украсување на куќите и становите, а неизоставен дел од украсувањето се сијаличките.
Светлата обично ги ставаме на елката, но можете да ги искористите и за украсување на вашиот дом за време на празничната сезона.
Сијаличките кои користат батерии можете да ги ставите во поголема тегла што ја ставате на саканата површина. Тоа може да биде секое парче мебел, како комода, или можете да ги поставите пред прозорец.
Верувале или не, дури и старо велосипедско тркало може да стане божиќна декорација со помош на светилки, а во нашата галерија погледнете повеќе интересни идеи за украсување на домот.
Најдобриот дел од украсувањето на вашиот дом со сијалички е тоа што тие не мора само да бидат таму за време на празниците, туку можат да ви носат насмевка на лицето во текот на целата година.