Некогаш доставувала пошта, а денес не знае што има: Богатството на Џенифер Анистон се проценува на 320 милиони долари

popara14 август, 20231min00
39821_ap02-ap-jordan-strauss_f

Интересно е тоа што актерите на „Пријатели“ во првата сезона заработиле околу 22.500 долари по епизода, а на крајот за деветтата и десеттата сезона заработиле околу милион по епизода, што довело до заработка од 90 милиони, само во основната сума

Серијата „Пријатели“ и донесе огромна популарност на американската актерка Џенифер Анистон (54), но и ја лансираше на самиот врв на најплатените актерки во светот. Во кариерата долга повеќе од триесет години, таа има забележителни улоги што и го донесоа статусот на една од најпопуларните актерки на денешницата.

Пред да зачекори во актерскиот свет, Џенифер работела на различни работни места. Доставувала пошта на велосипед, продавала сладолед и служела како келнерка, а се испробала и во телемаркетинг. Потоа следувале сериите “Molloy“, “The Edge” и “Muddling Through”, “The Morning Show”.

Таа глуми и во низа филмски остварувања: “We’re the Millers “, “The Bounty Hunter”, “Office Christmas Party” и “Murder Mystery”. Секако, сето тоа и обезбеди огромни приходи, а нејзиното богатство денес, како што пишува „Celebritynetworth“ се проценува на неверојатни 320 милиони долари.

Започна со серијата „Пријатели“ во 1994 година, а само во периодот од 1997 до 2011 година заработила 75 милиони долари од филмски хонорари, заработувајќи дури 8 милиони по филм. Во 2011 година заработила 10 милиони долари за „Just Go With It“.

Интересно е тоа што актерите на „Пријатели“ во првата сезона заработиле околу 22.500 долари по епизода, а на крајот за деветтата и десеттата сезона заработиле околу милион по епизода, што довело до заработка од 90 милиони, само во основниот износ.

Се проценува дека актерите заработуваат уште 10 до 20 милиони годишно само од хонорари. Со вкупен приход од 21 милион, во 2003 година беше најплатената актерка во светот, а денес заработува од 20 до 30 милиони годишно.

Но, таа изгради вистинска империја и зад камерите. Со текот на годините, таа стана еден од најбараните „спонзори“ во светот, со брендови како што се „L’Oreal“, „Smartwater“, „Emirates“, „Eyelove“ и „Aveeno“.

123
1234

Само од нив заработува околу 10 милиони долари годишно, а потпишала и шест парфеми. Нејзиното богатство се мери и со недвижен имот: недолго по разводот со Бред Пит, купи куќа во Беверли Хилс за 13,5 милиони, која ја реконструираше и ја продаде во 2011 година за 35 милиони.

Една година подоцна купи куќа во Лос Анџелес за 20 милиони, а поседува имот во Њујорк вреден најмалку 10 милиони долари. Минатата година од Опра Винфри купи селска куќа во Монтесито вредна 15 милиони долари, а во нејзиното соседство живеат принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, а сосед и е и пејачката Аријана Гранде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag