Здравствените проблеми често не произлегуваат само од лошата храна, туку и од неправилниот тајминг на консумирање најквалитетна храна.
Нутриционистите препорачуваат одредено време за консумирање овошје,зеленчук,млечни производи и слатки.
Бананите најдобро е да се јадат околу пладне.Богати се со калиум,го поттикнуваат метаболизмот и работата на органите за варење,па никако не смеете да ги јадете навечер.
Јаболка
Јаболката содржат пектин,кој го намалува шеќерот и холестеролот во крвта,па затоа е добро да ги јадете како ужина помеѓу појадокот и ручекот.Избегнувајте ги навечер бидејќи пектинот тешко се вари навечер.
Компир
Јадете компири само во текот на денот бидејќи се богати со минерали,го намалуваат холестеролот и даваат чувство на ситост. Не се препорачува за вечера бидејќи јаглехидратите предизвикуваат дебелеење.
Млеко
Топлото млеко навечер делува благотворно и една шолја пред спиење е доволна за мирен сон.Избегнувајте го наутро бидејќи го отежнува варењето доколку не сте доволно активни во текот на денот.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови,како што се оревите или бадемите,поволно делуваат на крвниот притисок и енергијата доколку се консумираат околу пладне.Ако ги јадете навечер,често ќе предизвикаат дебелеење.
Портокалите
Портокалите се претпочитаат како овошна ужина во текот на денот бидејќи го стимулираат варењето,но свежо цедениот сок од портокал не се препорачува за појадок бидејќи може да го иритира желудникот поради киселината.
Темното чоколадо
Темното чоколадо е добро за почеток на денот,но доколку не сакате да се здебелите,избегнувајте го после оброк.
Сирење
Сирењето најдобро е да се јаде наутро бидејќи во помали количини поттикнува слабеење и спречува надуеност.Не го консумирајте навечер бидејќи тешко се вари и може да предизвика стомачни проблеми.