Пејачот на Måneskin, Дамиано Дaвид се огласи откако видеото на кое се бакнува со мистериозна жена стана вирално на TikTok. Во изјавата споделена во четвртокот на неговата приказна на Инстаграм, 24-годишниот пејач на „Beggin’“ се извини за видеото, истовремено потврдувајќи го раскинувањето со долгогодишната девојка Џорџо Солери.
„Многу ми е жал што излезе ова видео, не сакав ситуацијата да испадне вака и јас бев виновен“, напиша тој. Дaвид продолжи, пишувајќи дека тој и Солери раскинале пред неколку дена и дека „немало изневерување“. „Се надевам дека ова нема да влијае на имиџот на Џорџа и дека можете да ја почитувате деликатноста на овој момент“, напиша тој.
Италијанскиот рокер, кој победи на Евровизија 2021 година заедно со колегите од бендот, Манескин, беше забележан како се бакнува со мистериозна жена во клуб, а клипот беше споделен на TikTok од корисник.
@valeeebarba daje damianooo#damianomaneskin #damianodavid #foryou
Солери последен пат сподели фотографија од Давид на нејзиниот Инстаграм во мај, со наслов „се повеќе и повеќе секој ден“. Во април таа сподели црно-бела фотографија од парот со натпис „ист тим“. Таа, исто така, сподели слатка порака до музичарот во јануари, пишувајќи: „Ти благодарам што ме натера да се чувствувам благословено секој ден од мојот живот, јас сум горда на тебе (и најголемиот обожавател) од првиот ден и секогаш ќе бидам. Те сакам.” Давид, пак, во јануари ѝ го честиташе роденденот на Солера, изразувајќи и љубов кон манекенката.