НЕКОЛКУ НАМИРНИЦИ КОИ ПОМАГААТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ АЛЕРГИИТЕ Истражувањата утврдија што треба да јадете во пролет

popara26 мај, 20231min00
682886_man-blows-nose-handkerchief-has-sneezing-rhinitis-allergy-lavender-red-swelling-eyes-suffers-from-unpleasant-symptoms-isolated-white-wall-sickness-concept_f

Пролетните алергии може да се ублажат со употреба на одредена храна.

Нутриционистката Џена Волп, која има направено истражување за алергии и храна, вели дека постојат одредени видови храна и билки кои можат да им помогнат на оние кои страдаат од пролетни алергии.

Докторката Кејти Голден исто така ја истражувала и врската помеѓу алергиите и храната.

– Витаминот Ц е микронутриент растворлив во вода кој се наоѓа во многу зеленчук. Може да игра неколку важни улоги во телото, како што е борбата против алергиите, бидејќи помага во регулирањето на природните воспалителни реакции на телото. Зеленчуци особено богати со витамин Ц се црвените пиперки, брокулата, карфиолот, зелката и проќељот, вели Голден, а пренесува „New York Post“.

Проќељ

Проќељот, како и повеќето намирници богати со витамин Ц, може да ги ублажи алергиските реакции.

Листови од коприва

Доколку не сте специфично алергични на коприва, можете да го користите ова растение како превентива. Всушност, многу студии покажале дека чајот од коприва е ефикасен ако страдате од алергии.

Се препорачува користење на суви листови од коприва. Прелијте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 15 до 20 минути.

Портокал

Д-р Волп истакна дека портокалите, богат извор на витамин Ц, се исто така многу ефикасни кога имате пролетни алергии. Ова е потврдено со многу студии.

Мед

И медот е многу здрав за нашиот организам. Здравиот пчелен производ има благотворно дејство кога се во прашање сезонските алергии. Високото ниво на прополис, како и витамините кои помагаат во градењето и зачувувањето на имунолошкиот систем, можат да му помогнат на телото да се бори против алергиите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag