Неколку совети за како дневната соба да не ви изгледа НАТРУПАНА СО МЕБЕЛ

popara8 мај, 20231min00
shutterstock473971648-830x0 (1)

Дневната соба е една од најупотребуваните простории во куќата, па затоа е потребно многу да се внимава на распоредот на мебелот во неа. Понекогаш тоа е просторија за забава, понекогаш е релаксирачко место за читање книга или гледање телевизија.

Затоа и не треба да чуди што многу луѓе имаат проблем како да го уредат мебелот во дневната соба. Ви даваме упатства кои ќе ви помогнат полесно да го направите тоа.

Една од најчестите грешки е недостатокот на простор за маса. Без разлика дали е тоа затоа што собата е мала и нема место за неа, или имате маса, но главно е полна па нема место ни за чаша. Обидете се да користите стаклена маса која зафаќа помалку визуелен простор.

А ако навистина немате место за маса, поставете мало градинарско столче пред софата.

Луѓето претпочитаат да седат свртени кон личноста со која разговараат, а не до нив. Додека големиот тросед на едниот крај е идеален за гледање телевизија, тој не е идеален за разговор. За да го овозможите тоа, поставете ги софата и фотелјите во круг, така што сите ќе бидете свртени еден кон друг.

Избегнувајте парчиња мебел (маси, столици или фотелји) со три ногарки. Изгледа несредено и евтино.

Изберете тепих што е доволно голем за мебелот. Сите стапала треба да бидат на тепихот, надвор од него или со предните нозе на него. Забелешка: Ако ја изберете опцијата „сите нозе надвор од тепихот“, тепихот треба да дојде до работ на ногарките на софата и фотелјите.

Повлечете барем дел од мебелот подалеку од ѕидовите за да „плови“ во просторијата. И не го ставајте целиот мебел на еден ѕид бидејќи собата ќе изгледа неизбалансирано.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma