Босите стапала во апостолки, балетанки и сандали се повеќе изложени на нечистотии и бактерии, но можете да го намалите нивното влијание ако редовно ги чистите летните чевли, советуваат експертите.
Во зависност од материјалот, нечистотијата може да навлезе длабоко во влакната на материјалот, а со тоа и непријатниот мирис. Погледнете ги советите кои многумина веќе ги пробале и тврдат дека делуваат.
Бебешка пудра е најидеалната алатка со која можете да го спречите прекумерното потење на нозете и таложењето нечистотија. Посипете го стапалото и втријте во кожата пред да ги облечете чевлите.
Антибактериските марамчиња се идеално средство за одржување на обувките кога сте во движење. По чистењето со овие марамчиња, чевлите се безбедни за носење.
Медицинскиот алкохол гарантирано го неутрализира присуството на бактерии. Намокрете парче памук, а потоа избришете ја внатрешноста на чевлите. Ова ќе ги освежи и стерилизира, па нема страв од развој на габи.
Пена за перење теписи е добра и за чистење на кожни влошки. Нанесете ја на памучна крпа или сунѓер, потоа избришете ја влошката и оставете ја да се исуши.
Детергентот за миење садови е универзален чистач за дамки и нечистотии од секаков вид, вклучително и нечистотија од чевли. Малку топла вода и детергент ефикасно ја отстрануваат нечистотијата од сите делови на чевлите.