Не е тајна дека одредени карактеристики на хороскопскиот знак (и подзнакот) влијаат и на нашиот стил на облекување. Во продолжение дознајте кои знаци се познати како најдобро облечени.
БИК
За припадниците на овој знак често се вели дека нема ништо што не можат да облечат. Имаат непогрешливо чувство за мода и став кој прави и најобичната облека да изгледа одлично на нив. Сакаат квалитетна облека и подготвени се да инвестираат во поскапи парчиња бидејќи знаат дека тоа е долгорочна инвестиција.
ЛАВ
Лавиците не се плашат да бидат најдобро облечени жени во собата. Ним не им треба ни посебна причина да носат гламурозни, па дури и драматични парчиња од кои другите не можат да го тргнат погледот. Тие едноставно знаат да носат облека со која другите не сакаат да ризикуваат, но Лавиците се доказ дека модниот ризик навистина се исплати. Тие се грижат за квалитетот на материјалот и и е важно облеката да и биде добро скроена.
ВАГА
Кога станува збор за модата, нормално неодлучните Ваги вешто балансираат помеѓу трендовите и класиците. Обожаваат облека која е во мода во моментов, но никогаш нема да носат парчиња кои не одговараат на нивниот личен стил, без разлика колку се популарни. Тие се претежно љубители на класичните кроеви, но се многу разиграни во изборот на материјали, бои и дезени.