Истражување кое неодамна беше спроведено во Велика Британија, предупредува на оваа страшна навика и истакнува дека водата во тоалетната школка содржи потенцијално штетни бактерии и патогени. Дури и по неколку испирања, таа вода останува контаминирана.
Ако не сакате да имате бактерии и измет на вашата четка за заби, најдобриот совет е да го спуштате капакот по секоја употреба на тоалетната школка. Истражувањата покажаа дека кога пуштате вода во тоалетот, таа прска на други предмети во бањата.
Иако не можете да видите, фекалните бактерии почнуваат да се шират насекаде – на вашата четка за заби, четка за коса, крпа за лице, козметика, шампони и купки и сè друго во вашата бања.
Пред да ја пуштите водата следниот пат, размислете двапати дали да го спуштите капакот. Според лекарите, капакот постои со причина, а не поради естетика.
Австралиските научници неодамна открија дека една шолја има околу педесетина бактерии на два сантиметри.