Џулија Робертс гостуваше во „Гледајте што се случува во живо“, чиј водител е Енди Коен. За време на играта наречена „Plead the Fifth“, таа одговори на низа прашања кои беа поставени од водителот.
Помеѓу поставените прашања беше и едно со кое ја замоли да ги рангира нејзините три најголеми филмови: „Нотинг Хил“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“ и „Убава жена“. Џулија не сакаше да одговори на тоа прашање, додека Коен коментираше: „Сите се толку добри“.
Коен ја праша и која е нејзината најмалку омилена личност во реалното шоу „Real Housewives“. Џулија одговорила дека е Џен Шах, која моментално издржува затворска казна.
„Тоа го кажувам само затоа што таа е во затвор и се чувствувам безбедно“, објаснила актерката.
Коен потоа и го постави најтешкото прашање од сите – која е најтешката дрога што ја пробала, на што Џулија Робертс одговори: „Печурки“.
„Секако, беше убаво, нема да лажам. Деца, не го пробувајте ова дома“, додаде таа.
Џулија Робертс моментално глуми во новиот блокбастер филм „Leave the World Behind“, а покрај неа во филмот играат и Итан Хоук, Махершала Али, Кевин Бејкон и Михала Херолд.