НЕОДОЛИВИ ЌОФТИЊА ВО СОС Вкусна вечера за целото семејство (ВИДЕО)

popara21 мај, 20231min00
702457_unnamed_f

Ако сте љубители на месо, тогаш можете да направите вкусни ќофтиња во сос и ќе имате вечера за целото семејство.

Состојки:

300 гр мелено месо

1 главица кромид

4 чешниња лук

1 јајце

2 лажици презла

малку мелен пипер

мелен бибер

сув зачин или сол

масло

Сос:

процедено масло од ќофтињата

2 лажици брашно

200 мл варени домати

300-350 мл вода

малку сув зачин

1/2 лажичка шеќер

Подготовка:

Меленото месо треба да се смеле уште еднаш во блендер или сецко. Црниот и белиот кромид се сечкаат, се додаваат јајцето, сувите зачини, пиперот, биберот, презлата и сето тоа убаво се меша со раце. Премачкајте ги рацете со масло, па извадете парчиња и формирајте мали ќофтиња и наредете ги во послужавник.

Пржете ги покриени и повремено вртејќи ги најмалку 30 минути. Извадете на салфетка. Процедето го маслото, па на половина од маслото додадете брашно, па пржете додека не добие кремаста светла боја, прелијте со доматите и водата и измешајте.

Додадете ги зачините и шеќерот и измешајте. Сосот мора да зоврие. Додадете доволно вода за да може сосот да биде поредок бидејќи кога ќе се олади се згуснува.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag