НЕОДОЛИВ РОЛАТ СО НУТЕЛА, БАНАНА И КОКОС! Вкусно уживање кое брзо ќе исчезне од трпезата (ВИДЕО)

popara22 мај, 20231min00
693813_screenshot-3_f

Направете вкусен ролат со банана и чоколаден крем и ќе имате одличен десерт за вашите гости.

Состојки:

За основата:

300 гр мелена плазма

150 гр нутела

150 гр путер

50 мл млеко

За фил:

250 мл слатка павлака

100 гр шеќер во прав

100 гр кокос

1,5 банана

За декорација:

200 гр Нутела

1 банана

50 гр млечна чоколада

малку нане

Подготовка:

Измешајте ги плазмата, нутелата и растопениот путер. Соединете, па додадете го млекото и повторно добро измешајте.

Префрлете ја смесата во развлечена проѕирна фолија и со сукало направете правоаголна форма. Изматете ја слатката павлака со просеан шеќер во прав, па додадете го кокосот и измешајте.

Прелијте ги бисквитите, па на подолгиот дел ставете ги бананите. Свиткајте и добро зацврстете со проѕирна фолија, па ставете во фрижидер половина час. Премачкајте со Нутела, па со вилушка направете дезен.

Потоа бананата исечкајте ја на прстени, потопете ја до половина во растопената млечна чоколада, па наредете ја врз ролатот. Украсете со нане.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag