Неопходен за нормално функционирање: Симптоми кои предупредуваат на недостаток на овој минерал

popara9 јануари, 20231min00
Screenshot_5

Недостатокот на витаминот Б12 во организмот може да има сериозни здравствени последици.

 

 

 

Овој витамин служи за создавање на црвените крвни клетки, а игра и важна улога во развојот на нервите и може да влијае на составот на ДНК.

Колку сте постари, вашето тело се потешко го апсорбира витаминот Б12 од храната, а најголем ризик постои кај вегетаријанците и веганите.

 

Вашиот метаболизам едноставно не може нормално да функционира без витаминот Б12.

 

Во прилог прочитајте кои симптоми укажуваат на недостаток на витаминот Б12 во вашиот организам:

 

  1. Не можете да останете будни

 

„Екстремниот замор е еден од првите симптоми за недостаток на витаминот Б12“, вели докторката Лиса Симперман, портпарол на академија за исхрана и диететика. Тоа е затоа што вашето тело се потпира на витамините кои носат кислород во вашите органи, објаснува докторката Симперман.

 

Ако спиете по осум часа во текот на ноќта и повторно никако не можете да останете будни во текот на денот, посоветувајте се со вашиот доктор.

 

  1. Постојано ви е тешко

 

Ако сте постојано уморни, возможно е да ви недостига витаминот Б12.

 

Проблемот е во тоа што тој симптом може да биде последица и на други причинители, како на пример стрес или недостаток на сон.

 

  1. Заборавате работи

 

Ова не се однесува на тоа ако понекогаш заборавате некои работи, како губење на клучеви и слично, туку ако заборавате како се вика вашиот роднина. Токму ваквата заборавеност може да биде симптом за недостаток на витаминот Б12.

 

  1. Бледи сте и постојано имате вртоглавица

 

Ако ви недостига витаминот Б12, возможно е вашата боја на кожата постојано да биде бледа. Исто така, секојдневните вртоглавици можат да бидат јасна причина за загриженост.

 

  1. Вашиот јазик има црвена боја

 

„Речиси половина од луѓето кај кои е заклучено дека се соочуваат со недостаток на витамин Б12 го губат чувството за вкус на јазикот и тој добива црвена боја. Лицата со недостаток на витаминот Б12 не го чувствуваат вкусот ниту на омилената храна“, вели нутриционистот Анџела Граси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma