Неочекувано вкусно: Рецепт за СВИНСКИ КОТЛЕТИ СО ЈАГОДИ

popara11 мај, 20231min00
62541047-svinjski-kotleti-u-umaku-od-jagoda-i-balzamicnog-octa

На Балканот, јагодите обично се користат за подготовка на разни овошни салати, колачи и торти. Но, оваа вкусна бобинка, која моментално е во сезона, може да се комбинира и со солени јадења. Особено добро ќе оди со свинско месо.

Свинските котлети со јагоди во балсамико оцет се неочекувано одлична комбинација. Станува збор за јадење кое е совршено сочно и вкусно, а се подготвува само со неколку состојки.

Состојки:

4 котлети со коски дебели околу 2,5 сантиметри
450 гр свежи јагоди
65 мл балсамико оцет
1 лажица кафеав шеќер
сол и бибер по желба
растително масло за печење

Подготовка:

Зачинете ги котлетите од двете страни.
Во тава загрејте малку масло и во него испржете ги котлетите. Печете ги по 4-6 минути од секоја страна додека не добијат убава златно-кафеава боја и термички се обработат до крај. Префрлете ги во чинија и покријте ги со алуминиумска фолија.
Во истото тавче ставете ги исчистените јагоди исечени на помали парчиња, балсамико оцетот и шеќерот. Сè добро измешајте и сè заедно гответе на умерена температура околу три до четири минути.
Добро зачинете го сосот.
Продолжете со готвење на сосот уште три до четири минути.
Печените котлети послужете ги со подготвениот сос на база на јагоди и балсамико. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag