Несоница во менопауза: Совети за подобар сон

popara16 декември, 20231min00
menopauza-830rttx0

Општо е познато дека квалитетниот сон е услов за добро психофизичко здравје, дека позитивно влијае на забавување на процесот на стареење и изглед, регенерација како и одржување на добра форма и слабеење. Стресот, сезонските промени и лошите животни навики исто така може да влијаат на квалитетот и квантитетот на сонот. Долготрајната и навидум непобедлива несоница е нешто со кое особено се соочуваат жените во менопауза.

Имено, бројни студии покажуваат намалување на производството на мелатонин (хормонот одговорен за регулирање на нашиот деноноќен ритам) веднаш штом ќе влеземе во перименопауза, а овој проблем дополнително се продлабочува како одминуваат годините.

Хроничната несоница може да се дефинира како маѓепсан круг на непроспиени ноќи, но и бројни придружни емоционални и физички манифестации кои дополнително го нарушуваат нормалниот ноќен циклус. Без разлика дали проблемот е заспивањето, честите ноќни или раните утрински будења, неопходно е да се преземат одредени чекори во навиките, однесувањето и секојдневните ритуали за да се справите со овој проблем. Данијеле Тарочи, креаторка на програмата „Be perfect Lifestyle“, наменета за жени над 50 години, предлага како да се постигне лесно заспивање и долго и непречено спиење.

Рутината е важна

Воведете вечерна рутина пред спиење, која на телото ќе му даде „сигнали“ дека е време за спиење. Според советите на Данијел Тарочи, еден од чекорите можат да бидат вежбите за истегнување кои ќе ја елиминираат напнатоста од телото, особено вратот и лумбалните области, точките кои најмногу ги „погодува“ стресот.

Без прегревање

За време на менопаузата, топли бранови и флуктуирачка телесна температура се голем проблем. Затоа се препорачува да се изберат лесни и природни материјали за постелнина, навлаки и пижами.

Имајте обилен појадок, умерен ручек и лесна вечера

Тешката, обилна и зачинета храна често го оддалечува сонот од очите. Тарочи советува во вечерниот оброк да доминира зеленчук полн со влакна, кој ја поттикнува цревната флора и го олеснува варењето, а оброците да бидат мали. Кафето и пијалоците на база на кофеин треба да се избегнуваат веќе попладне бидејќи освен што се диуретици, тие и ве будат.

Релаксирачка прошетка

Еден од предлозите е, ако е можно, пешачете барем дваесет минути на пат кон дома после работа. Со ритмичко дишење – вдишување низ нос и издишување преку уста – ќе се ослободите од стресот наталожен во текот на денот, што ќе ви овозможи мирно да влезете во вечерата.

Топла вода

Ништо не е поврзано повеќе со сон од топол туш или топла бања. Загревањето, особено рацете и стапалата, е како сигнал до телото дека е време за спиење. Истото важи и за добра масажа.

Медитација

Пред да го исклучите светлото, посветете малку време на релаксација и медитативни техники насочени кон постигнување физичка и психичка релаксација која ќе овозможи и воспостави ненарушен сон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma