Наместо да купувате освежувачи за воздух и да користите производи на база на хемикалии, можете да се обидете да го решите проблемот со влагата и непријатните мириси сосема природно.
Се што ви треба е ориз и есенцијално масло.
Оризот совршено ја апсорбира влагата и непријатните мириси, додека есенцијалното масло дава посебна мирисна нота.
Подготовка:
Прво наполнете ја теглата со ориз, а потоа додадете 10 до 20 капки есенцијално масло по желба. Потоа покријте и добро протресете. Отстранете го капакот, покријте го садот со газа и прицврстете ја со гумена лента.
Вака направениот освежувач можете да го чувате во секоја просторија, а кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додадете уште неколку капки масло.