Секоја домаќинка знае дека по десет перења, пешкирите можат да станат крути и груби. Ова воопшто не и одговара на нашата кожа, па жените се осврнуваат на различни начини за да ја вратат мекоста.
Користењето омекнувачи понекогаш може да помогне, но тие се скапи и често многу токсични.
Постои полесен начин да ги омекнете вашите пешкири со состојка што веројатно веќе ја имате во вашата кујна.
Тоа е, верувале или не, обичен алкохолен оцет за јадење.
Сè што треба да направите е да ги ставите пешкирите во машината и да вклучите пократка програма, а потоа да додадете 2 чаши оцет во машината наместо прашок и омекнувач.
Пред да ги ставите да се сушат, треба добро да ги протресете, бидејќи така ќе се олабават влакната, а пешкирите ќе станат кадифени и меки, пишува „Glossy“.