Не ги игнорирајте: Неколку знаци кои предупредуваат на проблем со тироидната жлезда

popara22 јули, 20231min00
Screenshot_1

Тироидната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во човековиот организам. Нејзината е улога е во регулирање на метаболизмот, односно материите во организмот.

 

 

 

 

Симптомите кои укажуваат на проблеми со штитната жлезда се нејасни, па лекарите предупредуваат доколку забележите кој било од наведените симптоми, да се консултирате со вашиот лекар.

 

Промени во спиењето

 

Ако не спиете добро веќе подолго време тоа значи дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда. Ако чувствувате умор во текот на денот, а сте спиеле мирно 8 и повеќе часа, вашата штитна жлезда не е активна колку што би требало да биде и не произведува доволно хормони.

 

Анксиозност

 

Анксиозноста која се јавува поради овој проблем е поврзана со преголемата активност на мозокот што резултира со тоа дека нема да се чувствувате добро бидејќи сте премногу возбудени.

 

Опаѓање на косата

 

Проблемите со тироидна жлезда влијаат на растот на косата.

 

Прекумерното потење може да биде знак дека вашата тироидна жлезда е хиперактивна.

 

Вишок килограми

 

Ако забележите дека се дебелеете, а не јадете многу, можно е да имате проблеми со тироидна жлезда која го успорува метаболизмот.

 

Нагло слабеење

 

Ако не тренирате и не сте направиле промени во исхраната, но слабеете, ова е уште еден знак кој укажува на проблеми со тироидната жлезда.

 

Умор во текот на денот

 

Ако постојано се чувствувате уморни во текот на денот – ова може да биде симптом на неактивна тироидна жлезда.

 

Нередовни циклуси и неплодност

 

Штитната жлезда помага во регулирање на менструалниот циклус, па ако вашите менструации се обилни, траат подолго од што би требало, ова укажува на проблеми со тироидната жлезда.

 

Жените кои имаат проблеми со зачнување или имаат спонтан абортус, треба да направат контрола на тироидната жлезда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag