Секој има нешто да каже за љубовта. И скоро секој би можел да ви даде некој совет.
Сепак, многу луѓе имаат тенденција слепо да веруваат во она што им се кажува, а тоа не е многу добро.
Избравме неколку совети кои навистина никој не смее да ги слуша.
Важно е да се сакате, ништо друго не е важно
Убаво е да се помине животот во романтичен дух, но колку и да е силна љубовта, за жал, не се живее од неа. Тажниот факт е дека можете да сакате некого лудо, а тој да е тотално погрешен избор за вас, поради повеќе причини. Ако не ве почитува, не ве цени и омаловажува, ако е агресивен и не поминува со вас онолку време колку што треба, не толерирајте го тоа. Ќе има некој кој ќе го направи сето тоа и повеќе отколку што очекувате.
Љубовта не се бара, љубовта ве наоѓа
Секогаш истото друштво, на едно исто место, не се вистинското решение за наоѓање партнер. Обидете се да ги проширите вашите хоризонти. Променете го кафулето, поканете стар пријател кој долго време не сте го виделе. Не двоумете се да запознаете нови луѓе во клуб, кафеана… Никогаш не знаете каде ќе го запознаете „вистинскиот“.
Намалете ги вашите очекувања
Сосема нормално и логично е да сакате партнер кој ќе ги исполни критериумите кои ги сметате за многу важни. Не треба да отстапувате од тоа, ниту да ги намалувате условите и да бидете со некој што не е како вас. Подобро е да си сам отколку да поминуваш време со луѓе со кои не гледаш иднина.