НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ КРАСТАВИЦИТЕ Три практични начини да ги искористите дома и да заштедите пари

popara8 март, 20231min00
580514_shutterstock-250330750_f

Постои начин како да се користат овие отпадоци во секојдневниот живот, за чистење, но и за убавина

Повеќето домаќинки кога ќе им ги отсечат краевите на краставиците веднаш ги фрлаат. Сепак, постои начин овие отпадоци да се користат во секојдневниот живот, за чистење, но и за убавина.

Во кујната

Ако не сте знаеле, краставицата е одлично средство за отстранување на мрсни дамки на цврсти површини, како маси, даски за сечење, работни површини… Доволно е да ја „истриете“ дамката со исечената страна и наслагите ќе „се растворат“. Ова се должи на големата количина на вода што ја содржи овој зеленчук, па ефектот е како да сте ја избришале површината со влажна крпа.

За нега на кожата

Познато е дека маските за лице од краставица се одлични за хидратација на кожата. Покрај тоа што помагаат во борбата против брчките, краставиците се ефикасни и за знаци на замор околу очите. Само исечените краеви, кои инаку би ги фрлиле, ставете ги на затворените капаци и држете ги неколку минути. Покрај хидратацијата, зеленчукот ја смирува кожата и помага да се спречи појавата на фини линии.

За одржување на чевлите

Деловите од краставицата може да ги искористите дури и за да ги „светнете“ чевлите. Доколку немате време целосно да ги измиете, доволно е да ги избришете со исечените краеви на зеленчукот и потоа со хартиена крпа да го соберете вишокот вода. Освен што чевлите ќе станат почисти, тие исто така ќе заблескаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag