Освен витамините Ц и Е, магнезиум, калиум и железо, лушпата на кромидот содржи и рутин, кој ги зајакнува крвните садови.
Луѓето кои имаат висок крвен притисок сигурно веќе знаат колку е важно да се хранат правилно, особено да се намали внесот на сол и мрсна храна. Меѓу народните „лекови“ го препорачуваме чајот од кора од кромид, кој содржи важни витамини и минерали.
Освен витамините Ц и Е, магнезиум, калиум и железо, лушпата на кромидот содржи и рутин, кој ги зајакнува крвните садови. Заедно со него за подготовка на напиток против висок крвен притисок се користат и шипка и борови иглички. Во шипката има слични материи како и во лушпата од кромидот, но има и витамини од групата Б, фосфор, манган, лимонска и јаболкова киселина, како и есенцијални масла. Овој плод се користи за подобрување на метаболизмот, но и за „чистење“ на вените, бубрезите и мочниот меур.
Боровите иглички се користат за превенција од кардиоваскуларни заболувања, како и за третман на ангина пекторис и аритмија. Тинктурата од овие скапоцени зимзелени листови помага против холестеролот и ги зајакнува крвните садови.
За подготовка на напитокот потребни ви се: 2 лажици кромид и исто толку шипка, како и пет лажици борови иглички. Оваа смеса прелијте ја со литар вода и оставете да зоврие. Намалете ја температурата, покријте го садот и варете десет минути на тивок оган. Кога ќе се олади се цеди и се пие по половина литар дневно. Голтка по голтка во текот на денот.
Третиот ден се вари нов круг и така треба цели четири месеци.