И ја чисти
Само чистење на кожата на деколтето два пати на ден не е доволно за да се одржи нејзиниот сјај.
Без разлика за кој дел од телото се работи, на површината на кожата се акумулираат мртви клетки кои кожата не е во состојба да ги исфрли толку ефикасно. Пилингот е најдобриот начин да го отстраните тој мртов, нефункционален дел од површината.
Освен тоа, пилингот ја стимулира циркулацијата во површинскиот слој на кожата. Подобрата циркулација на крвта во кожата значи повеќе хранливи материи во клетките.
Накратко, пилингот е повеќенаменски, пожелен и неопходен за добар изглед и здравје на кожата.
Кога станува збор за деколтето, пилингот не смее да биде поинтензивен од она што го практикуваме за лице.
Двапати неделно ставете пилинг купен во продавница на пределот на деколтето или пилинг маска.
Или некој природен пилинг како мешавина од талог од кафе и шеќер.
Изберете што најмногу ви одговара, само не го прескокнувајте пилингот на деколтето и вратот.