НЕ ГО САКААТ МИРИСОТ НА КАФЕ, БЕГААТ ОД ОВАА БОЈА Трик што ќе направи осите и стршлените да ве избегнуваат во широк лак

popara23 мај, 20231min00
776261_285852189-555968179255604-7230855578535481420-n_f

Осите и стршлените им пречат на луѓето, најмногу при јадење, а нивниот убод е болен и опасен, па затоа ги сметаме за опасни видови.

Инсектите имаат силно сетило за мирис и воопшто не го сакаат мирисот на кафе. Тој мирис станува уште поинтензивен кога ќе се запали. Затоа црното кафе е совршено решение против оси, пчели преку ден, но и досадни крвопијци навечер. Покрај тоа, инсектите го поврзуваат мирисот на чад со опасност и знак дека треба да се оддалечат од одредена област.

А ние ви откриваме еден трик како да го искористите ова знаење и да се ослободите од нив – барем на кратко.

Земете парче алуминиумска фолија, обликувајте го како сад и во него ставете кафе (мелено, какво што обично користите). Одете надвор каде што сакате да седите и запалете го кафето.

Во рестораните обично користат мали котлиња и само ставаат запалена брикета преку кафето, која дими и шири мирис на кафе, но и „домашната“ верзија е многу ефикасна. Наместо свежо кафе, можете да ги користите и остатоците од кафе кои претходно сте ги исушиле на ладно и темно место.

Се разбира, секогаш постои тој одреден тврдоглав примерок кој одбива да ве остави на мира, но ќе забележите сериозна разлика и ќе можете мирно да го поминете времето надвор.

За дополнителен ефект, можете да додадете и суви ловорови лисја, кои исто така многу ефикасно ги одбиваат инсектите кога ќе се запалат. Всушност, некои луѓе палат само ловорови лисја – кои можат да се изгорат и во домот, пренесува „Телеграф“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag