
Потребна ви е само една состојка која веќе ја имате дома
Дали некогаш сте купиле кашкавал и откако сте јаделе не сте го завиткале добро во фолија и следниот ден кога сте сакале повторно да го јадете, сте виделе дека еден дел се исушил?
Веруваме дека одговорот на ова прашање е да и дека мислите дека единствено решение е тој дел од кашкавалот да се отстрани со нож и да се фрли.
Но, што ако ви кажеме дека постои едноставно решение и за ова?
Имено, се што ви треба за да го „оживеете омилениот кашкавал“ е маслиново масло.
Овој трик го измислиле Шпанците и мора да признаеме дека е генијален.
Се што треба да направите е да го исечете делот од кашкавалот што се исушил на коцки или стапчиња, да го ставите во тегла и да го прелиете со маслиново масло.
Оставете ја теглата на темно и ладно место неколку недели.
Можете да ги додадете и вашите омилени зачини за да го комплетирате вкусот.