Не дозволувајте трговците да ве измамат: Како да проверите дали маслиновото масло е чисто и квалитетно?

popara9 февруари, 20231min00
Maslinovo-ulje

Едноставен трик ја решава оваа дилема

Иако сите шишиња маслиново масло на повеќето им изгледаат исто и ќе поверувате на она што го пишува на етикетата, експертот за интегративна исхрана д-р Кортни Свон вели дека брендовите на маслиново масло што ги купувате не се ни приближно со ист квалитет, како и дека 75 до 80 отсто од производите на полиците на продавниците немаат никаква врска со тоа што е напишано на нив.

– Дури и ако на шишето масло пишува дека е 100 проценти маслиново масло, не мора да биде така бидејќи производителите и трговците често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото масло за да заштедат пари – вели Свон.

Како да знаете дали чистото маслиново масло е навистина чисто?

– Карактеристични се две работи. Кога ќе го истурите, треба да има баш темно зелена боја, а кога ќе го вкусите, вкусот да биде многу остар – вели таа.

Иако е сепак важно на шишето да пишува 100 проценти маслиново масло, не треба да го прифаќате зборот на секоја марка, додава таа, па затоа е добро да се направи дополнително истражување пред да го купите.

– Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може да го подобри и здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданси и витамини и е значително помалку преработено од многу други – заклучила Кортни Свон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma