Истражувањата покажале дека жените кои имаат проблеми со спиењето имаат помала желба за секс и потешко ја достигнуваат кулминацијата.
Истражувањата покажаа и дека ‘рчењето го уништува интимниот живот на жените.
Ова го нарушува спиењето, што ги прави уморни и со помала веројатност да бидат расположени за акција. Дури и ако се подготвени за да „си играат меѓу чаршафите“, 70 отсто е поголема веројатноста да бидат во состојба на блокирање на оргазмот.
Истражувачот д-р Тејлор Кон вели:
– Најдовме силна врска помеѓу женската сексуална дисфункција и лошиот квалитет на сон. И двете често остануваат недијагностицирани и нетретирани.
Наодите се од анализа на медицински досиеја на 3 милиони жени. Утврдено е дека оние со апнеа при спиење, имаат двојно поголема веројатност да имаат нарушување на сексуалната возбуда, што значи дека се борат да се возбудат.
Врската со женското оргазмично нарушување, исто така, значи дека многумина тогаш се мачеле да ја достигнат кулминацијата.
Откриено е дека жените со несоница имаат два до три пати поголеми шанси од просекот да имаат интимни проблеми.
Се смета дека нарушувањето на сонот предизвикува пад на естрогенот и тестостеронот, хормони од витално значење за еректилниот нагон и функцијата.
Д-р Кон, од Универзитетот Џон Хопкинс во Мериленд, рече:
– Нашите наоди ја поддржуваат потребата да се препознае важната врска помеѓу спиењето и интимното здравје кај жените.
Апнеата при спиење е поврзана со прекумерната тежина, па може да се ублажи со губење на тежината и намалување на алкохолот и пушењето, пренесува „TheSun“.