Блејк Лајвли, Ешли Греам и Џорџина Родригез се само дел од дамите кои обожаваат да носат бел костум.
Иако многумина мислат дека белата боја е неблагодарна и дека многу дами не можат да ја носат, тоа всушност е само погрешно верување кое ни е наметнато.
Белата боја може да изгледа одлично, а се зависи од кројот кој ви одговара.
Единствено што е важно е да имате облека која е прилагодена на вашето тело, како што велат, како шиена за вас, а бојата е само дополнителен плус, со кој ќе ја истакнете фигурата.
Повеќето познати дами со задоволство се одлучуваат за бел костум, вклучувајќи ги Џорџина Родригез, Ешли Греам, Блејк Лајвли и многу други.
Во галеријата погледнете како нив им стои нивниот бел костум, па можеби ќе најдете инспирација: