Фенот за коса е повеќенаменски куќен апарат, а повеќето од нас не се ни свесни за тоа. Фенот може да ви биде од голема помош во домаќинството на следниве 5 начини…
- Одлепете ги фотографиите од албумот за слики
Ако имате албум со лепливи страници, можете да ја извадите фотографијата без да ја оштетите така што ќе го пуштите топлиот воздух од фенот на позадината, додека вие полека ја одлепувате фотографијата.
- Исчистете ја прашината од тешко достапните места
Вклучете го фенот на ладно дување и насочете го на местото од коешто сакате да ја исчистите прашината. Ако сакате да ја „издувате“ прашината од полиците, почнете од највисоката кон најниската.
- Израмнете ги пластичните завеси за туш и чаршави за маса
Новите, изгужвани пластични завеси за туш и пластични чаршави можете да ги израмните ако кон нив насочите топол воздух. Држете го фенот на 30 центиметри оддалеченост од површината за да не се стопи пластиката.
- Стврднете ја шеќерната глазура на колачите
Шеќерната глазура на колачите побрзо ќе се стврдне, доколку ладниот воздух од фенот го насочите директно во неа. Ако сакате да ѝ додадете малку сјај на глазурата, во тоа ќе ви помогне сосема малку топол воздух од фенот.
- Отстранете ги остатоците од восок
Ставете го фенот за коса на највисока температура и дувајте во дамката сѐ додека восокот не се стопи, а потоа едноставно отстранете го со помош на сунѓер и малку сапун.