Мајонезот совршено ја храни, обновува и навлажнува оштетената и сува коса. Употребата на мајонез за разубавување ќе даде одлични резултати кога станува збор за волуменот на косата. Покрај тоа, косата по нанесувањето ќе биде мека, сјајна и лесна за обликување.
Маската од мајонез е одлична за сува и за оштетена коса. Со употреба еднаш месечно маската ќе ја нахрани, регенерира косата и ќе ја врати влажноста.
Како да ја направите маската?
Пред подготовка најдобро е да го извадите мајонезот од фрижидер, да достигне собна температура. По отприлика еден час може да почнете со подготовката.
Во сад ставете три лажици мајонез и додадете една лажица рицинусово масло. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската рамномерно на чиста коса, па замотајте ја во кеса и држете така 20 минути.
Под кесата се создава топлина што дава можност состојките да влијаат на состојбата на косата. По 20 минути измијте ја косата со топла вода, нанесете шампон без парабени и исплакнете.