НЕ Е САМО ПОРАДИ ГЛАД И ЕМОЦИИ! Нутриционист открива 4 причини зошто се прејадувате!

popara12 февруари, 20231min00
274275_x2_f

Нутриционистката Нада Фогт истакнува дека една од причините за прејадување може да биде тоа што прво се ограничувате кога станува збор за внесот на храна.

Ако постојано се наоѓате себеси како јадете надвор од чувството на ситост, поточно се прејадувате, нутриционистката Нада Фогт ги открива 4-те најчести причини зошто тоа се случува:

  1. Првата причина е што не ги слушате сигналите на ситост и глад кои ви ги испраќа телото.
  2. Друга причина е тоа што однапред си поставувате ментални ограничувања дека, да речеме, ќе јадете само половина порција, без разлика колку сте гладни или не, што автоматски ве става во ментален склоп на прејадување.
  3. Третата причина е што не јадете доволно, па кога е време за следниот оброк, имате желба да се прејадете бидејќи гладувате.
  4. Четвртата причина е што оброците или грицките не се доволно заситни, можеби треба да додадете малку повеќе диетални влакна, како и протеини, за да останете сити подолго време по оброкот.

– Доброто е што кога се трудите малку повеќе да го слушате вашето тело, т.е. сигналите што ги испраќа, игнорирајќи ги надворешните сигнали, како време е за ручек, а вие не сте навистина гладни, па јадете од навика или обратно, доцна е, веќе е поминато 8 навечер, без разлика што сум гладен, јас нема да јадам, вие ќе уживате во храната, што значи повеќе задоволство, а кога сте задоволни нема да имате потреба да се прејадувате – заклучува Нада.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma