НЕ Е СЕЕДНО КОГА ЌЕ ЈАДЕТЕ ЈАБОЛКА: Најдобро е наутро, а еве зошто НИКОГАШ не треба да ги јадете во вечерните часови

popara24 мај, 20231min00
620059_indoor-photo-blissful-woman-eating-apple_f

Нутриционистката Наташа Ѓукиќ истакнува дека јадењето јаболка навечер може да доведе до непријатности во стомакот во текот на ноќта.

Многу луѓе не придаваат големо значење на времето од денот кога јадат овошје. Најчесто го сметаат за освежителна закуска, па ја земаат „кога ќе им се пријаде“.

Сепак, нутриционистката открива дека во зависност од периодот од денот кога јадете јаболка, тие можат позитивно или негативно да влијаат на вашето тело:

– Според некои истражувања, се препорачува да се јадат јаболка во раните утрински часови бидејќи се богати со диетални влакна и пектин кој се наоѓа во нивната кожа.

Бидејќи повеќето луѓе имаат дигестивни проблеми, поради несоодветниот сон или лошите навики во исхраната, јадењето јаболка наутро, веднаш по будењето, е добра идеја. Јаболката наутро може да го стимулира вашето варење подобро од кое било друго овошје.

Освен тоа, пектинот присутен во јаболката може да ви помогне да се ослободите од токсините – вели нутриционистката и додава:

– Меѓутоа, ако јадете јаболка во текот на ноќта или доцна навечер, ова продигестивно овошје може да се сврти против вас и да ги оптовари вашите цревни функции. Тоа значи дека јаболкото ќе ве надуе во текот на ноќта и ќе чувствувате стомачна непријатност.

Исто така, органските киселини присутни во јаболката можат да го зголемат лачењето на желудечната киселина, што исто така може да го забрза движењето на цревната содржина – заклучува Наташа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag