Верувале или не, гледањето готварски емисии или видеа на социјалните мрежи може да влијае и на зголемување на телесната тежина!
За оваа студија, истражувачите од Универзитетот Корнел во Њујорк следеа неколку стотици жени кои ги следат страниците на бројни готвачки емисии на социјалните мрежи и се љубители на готвењето.
Во текот на една година морале да водат дневник за своите активности и да си ја мерат тежината, а испаднало дека оброци подготвувале речиси секој ден, а на крајот од годината повеќе од половина од испитаниците биле во просек до пет килограми потешки.
Резултатите од претходната студија за емисиите за подготовка на храна покажале дека, генерално, станува збор за многу покалорични оброци во споредба со препораките на Светската здравствена организација.
Затоа истражувачите им предлагаат на гледачите малку да го променат рецептот доколку не сакаат да имаат проблем со тежината.