Не е тага: Ова се првите знаци на депресија, тие можат да бидат незабележливи и затоа се опасни

popara6 декември, 20231min00
Screenshot_1

Да бидете нерасположени, тажни или меланхолични понекогаш е составен дел од животот. Ако изгубите некој близок или останете без работа, сосема е природно да бидете тажни.

 

 

 

 

Кога имате симптоми на депресија поради стрес што ви се случил во животот, тоа се вика „ситуациска депресија“. Повеќето луѓе закрепнуваат од ситуациска депресија, иако и за тоа може да бидат потребни денови, а понекогаш и недели.

 

Но, кога симптомите на депресија едноставно не поминуваат и депресијата почнува да ви пречи во вашата способност да функционирате и да живеете нормално, тоа се нарекува „клиничка депресија“.

 

Тоа е сериозна болест што може да трае со недели, месеци, па и години. Токму затоа е битно да знаете да ги препознаете симптомите на депресија, кај себе или кај вашите блиски, за да може да побарате или да понудите помош.

 

Симптомите на депресија честопати обземаат целосно, некои луѓе го опишуваат чувството на депресија како да се паднати во „црна дупка“ од која не можат да излезат. Чувството дека е неизбежна целосна пропаст исто така е често при депресија. Можно е исто така да се чувствувате безживотно, млитаво и апатично.

 

Не мора да значи дека сите луѓе кои патат од депресија ги имаат сите симптоми, но најчести се:

 

Тага: Кога чувството на тага е симптом на депресија, тогаш е проследено со безнадежност и празнотија. Може да ви се чини дека колку и да се трудите, едноставно не може да ги контролирате негативните мисли. Може да ви се случува да плачете без очигледна причина.

 

Чувство на вина: Луѓето со клиничка депресија може да се чувствуваат безвредно и беспомошно. Може да ја доживуваат својата депресија како знак на слабост и да бидат претерано самокритични.

 

Иритабилност: Овој симптом може да придонесе да бидете гневни, анксиозни, вознемирени. Мажите кои се депримирани честопати ја манифестираат депресијата преку агресија и неодговорно однесување.

 

Ментални симптоми: Ако ви е тешко да се концентрирате, да носите одлуки, да помните детали, тоа може да бидат знаци на депресија. Луѓето кои боледуваат од депресија може да се чувствуваат дека процесот на размислување им е забавен.

 

Физички симптоми: Луѓето со депресија честопати имаат болки и непријатности, главоболки и дигестивни проблеми за кои се покажало дека нема друга медицинска причина и не поминуваат со терапија.

 

Намалена енергија: Ако сте депресивни, можно е постојано да чувствувате умор. Луѓето кои патат од депресија може да се чувствуваат дека им се намалени физичките способности.

 

Намалена заинтересираност: Чест знак на депресија е намалена или целосно изгубена заинтересираност за активности што причинуваат задоволство, како секс, хоби и дружење со луѓе. Тоа исто така може да се манифестира со занемарување на обврските и одржување на хигиена и пристоен изглед.

 

Промена во спиењето: Будење многу рано наутро или тешкотии при заспивање, како и претерано спиење може да бидат знаци на депресија.

 

Промена во апетитот: Промените во навиките на исхрана поради депресија може да резултираат со јадење премногу или премалку. Здебелување или слабеење од 5% од вашата телесна тежина во еден месец е еден од предупредувачките знаци на депресија. Некои луѓе целосно губат интерес за храна, додека за други храната почнува да станува компензација за емоции кога се депримирани.

 

Суицидни мисли: Ако помислувате да се повредите себе си, тоа е сериозен симптом на депресија и секогаш треба да го сфатите сериозно. Ако размислувате за самоубиство, веднаш побарајте помош.

 

Ако имате некои или сите од овие симптоми на депресија и се силно изразени и траат подолго од неколку недели, треба да побарате помош. Добро е да почнете од вашиот матичен лекар.

 

Во многу случаи, депресија што можела лесно да се излечи, поминала недијагностицирана и нелекувана бидејќи се игнорирале првите знаци.

 

Депресијата не е знак на слабост или причина за срам – тоа е сериозна болест. Добрата вест е што дури и во тешки случаи на клиничка депресија, терапијата се покажала како успешна. Колку порано почнете со терапија, толку подобро. Затоа, не чекајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag