Во која навика најмногу се пронајдовте?
Внимавајте на исхраната, броите калории, вежбате и спиете по препорачаните осум часа?
Иако сето тоа го правите секој ден, постојат некои навики за кои не сте свесни, а негативно се одразуваат на вашето здравје.
- Носење тесни фармерки
Колку и да се популарни „тесните фармерки“, тие треба да се избегнуваат бидејќи предизвикуваат многу проблеми во пределот на гениталиите. Имено, многу е чест случај тесните панталони да се причина за габична инфекција кај жените поради лошиот квалитет на материјалот, топлината и влажноста. Ако веќе не можете да се откажете од тесните фармерки, спијте без долна облека навечер и оставете ја вашата кожа да дише.
- Високи потпетици
Не прават да изгледаме отмено и секси за неколку секунди и тешко дека некогаш ќе се откажеме од нив, но можат да предизвикаат и многу здравствени проблеми. Вртоглаво високите потпетици можат да го променат начинот на одење, да предизвикаат болки во грбот и колената, да ги скратат мускулите и да ја вкочанат и задебелат Ахиловата тетива.
Исто така, последица од носењето високи потпетици може да бидат плускавци и курје око поради неправилната положба на прстите. Тука се и враснатите нокти и артритис на стапалата. За да го намалите ризикот од овие непријатни состојби, се препорачува еден ден да носите високи потпетици, вториот ден малку пониски, а третиот ден потполно рамни чевли. Колку што е нездраво постојано да носите штикли, исто толку е нездраво да скокате од високи потпетици во балетанки.
Леќи во боја
Повеќето жени би промениле сè, од бојата на очите до обликот на веѓите. Проблемот е што денес повеќето од овие промени се можни и жените ги практикуваат, без разлика колку се штетни. Една од нив секако се леќите за менување на бојата на очите. Таквите леќи чија намена е исклучиво козметичка, а не корективна и кои можете да ги купите без лекарски рецепт, никогаш не треба да се користат. Освен што предизвикуваат тешки инфекции, тие на крајот можат да предизвикаат и слепило.
Тампони
Тампоните се многу практични за „оние денови“ во месецот, особено во лето, но само доколку редовно ги менувате. Звучи бизарно, но многу жени забораваат на тампонот и тој останува внатре многу подолго отколку што треба, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи бактериски инфекции опасни по живот.