НЕ И Е ГАЈЛЕ ЗА КОМЕНТАРИТЕ: Лана Дел Реј никогаш не била покрупна

popara3 јуни, 20231min00
68608_profimedia-0779870078_f

Лана Дел Реј ја фотографираат на секој чекор додека се обидува да се опушти во Бразил, а новите слики од плажа го обиколија светот. Додека другите јавни личности се трудат да изгледаат најдобро, ни се чини дека тоа не е случај со Лана. Очигледно не обрнува внимание на коментарите и се чувствува удобно во своја кожа.

Познатата американска пејачка Лана Дел Реј (37) во последно време не се појавува често во јавноста, но сега папараците ја уловија на одмор во Рио де Жанеиро, каде го одржа својот прв концерт по четиригодишна пауза. Ја фотографираат на секој чекор додека се обидува малку да се опушти во Бразил, а новите слики од плажа го обиколија светот.

Имено, Лана во последно време е главна тема на медиумите, бидејќи нејзиниот изглед е целосно променет од почетокот на кариерата. Бидејќи таа не се појавува често во јавноста, многумина секој пат се изненадени од нејзиниот изглед. Во последните години многу се здебели, а фановите не можат да се навикнат на нејзиниот нов имиџ. Многумина се убедени дека направила и естетски зафати.

„Како изгледа Лана Дел Реј? Имаше пластична операција“, „Ја сакам нејзината музика, но морам да кажам и дека изгледа навистина лошо во последно време“, „Лана изгледа како мапет“, се само дел од коментарите на Твитерџиите, но многумина истакнаа дека пејачката е убава, како и дека знае да ги носи вишокот килограми.

Лана Дел Реј ја избегнуваше јавноста долго време, цели три години, но затоа во 2021 година објави два албума. Сепак, иако доби бројни признанија за нив, не беше номинирана за Греми. На социјалните мрежи веќе подолго време се шират непријатни коментари за нејзината тежина, а последен пат беше „фатена“ во септември во Малибу со пријателите.

Жената која своевремено беше на листите за најубави дами во светот со хитот „Video Games“ пред единаесет години ги освои сите, па горе-долу се повлече од музичкиот свет. Од друга страна, таа го најави објавувањето на нејзиниот седми студиски албум „Chemtrails Over the Country Club“ за 2020 година, но нејзините планови беа нарушени поради пандемијата на корона вирусот.

Во 2021 година конечно излезе во март, но фановите повеќе зборуваа за нејзиниот изглед отколку за музиката. Исто така, пред две години имаше многу гласини за тоа како таа направила промени на лицето со естетска хирургија, но пејачката никогаш јавно не проговори за тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma