Розите цветаат и штета е да не ја искористиме нивната моќ и сјај кои можеме да ги консумираме во текот на годината
Токму затоа направете домашен ликер од рози, кој ќе ве освои со тоа колку е вкусен. Имено, се препорачува розите да бидат домашни, миризливи, а особено оние старите видови од кои мириса целиот двор.
Состојки:
300 грама мед
300 грама ливчиња од роза
1 литар ракија
5 децилитри вода
Подготовка:
Во зовриената вода полека додавајте мед, а кога ќе се растопи тргнете го тенџерето од оган. Додадете ги ливчињата од роза и покријте го тенџерето.
По 10 минути, процедете низ газа, додадете ја ракијата. Можете да ги држите ливчињата и подолго, доколку сакате поинтензивен мирис. Добро затворете и чувајте на темно место еден месец.