Наводно на руската манекенка не и е лесно со оглед на тоа што таткото на нејзината ќерка е во врска со младата убавица.
Руската манекенка Ирина Шајк наводно раскинала со американскиот фудбалер Том Брејди,објавија странските медиуми и тоа во екот на новата врска на нејзиниот поранешен.
Актерот Бредли Купер веќе некое време се гледа со манекенката Џиџи Хадид,а парот неколку пати е фотографиран во Њујорк, еднаш за време на романтична прошетка на дожд.Се уште не е познато колку е сериозна врската на Бредли со убавицата со палестинско потекло,а се вели дека е познато како Ирина Шајк се чувствува за тоа.
Gigi Hadid and Bradley Cooper embrace the rain in a romantic stroll through New York City. ❤️☔ pic.twitter.com/fcOKUoNxGx
— Iris (@Iris_i_Life) October 21, 2023
– Тоа ја изненади – раскажува извор близок до русинката за Page Six,кој исто така тврди дека Ирина не случајно оди во делови од градот за кои знае дека се полни со папараци и дека тоа е нејзиниот начин да каже „Погледни ме“ .
Анонимно лице блиско до манекенката додава дека Ирина Шајк „не е среќна“ поради љубовта на таткото на нејзината ќерка кон девет години помладата колешка.
Ирина и Бредли беа заедно од 2015 до 2019 година, а заедно ја добија ќерката Леа де Сена.Тие и по раскинувањето останаа во феноменална врска,па често патуваат како семејство и заедно ги прославуваат празниците.