За да постигнете елегантен,класичен и безвременски стил,не е потребно да трошите премногу пари,туку внимателно да изберете.
Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани не крие дека е против „брзата мода“ и дека смета дека е подобро да се купува помалку и поквалитетно.
Неговите креации се главно безвременски и класични по дизајн,а со децении им се спротивставуваат на трендовите и новите модни тенденции.
– Луксузот не може и не смее да биде „брз“.Нема смисла една од моите јакни или костуми да живее во продавница три недели,а потоа да застари,а да биде заменета со нова роба,која не е премногу различна – истакна еднаш Армани во отвореното писмо до порталот “Women’s Wear Daily”.
Што мисли Џорџо Армани што треба да има секоја жена во плакарот?
Познатиот Италијанец пред неколку години даде интервју за Vogue во кое сподели многу вредни модни совети,а во таа прилика истакна и кои парчиња облека треба да ги има во гардеробата на секоја жена.
Најлежерната елегантна јакна
– Едноставна,елегантна јакна бидејќи е најразноврсна од сите облеки и може со мали стилски трикови и комбинирање со различни додатоци,да се носи во разни пригоди во текот на денот – нагласува Армани.
Накит кој ќе стане ваш заштитен знак
– Елегантно парче накит што станува препознатливо за оној што го носи,што би го нагласило личниот стил – објасни креаторот.
Обична бела кошула
– Бела кошула – апсолутно неопходна основа,која ќе одговара на паметно скроени аутфити и лежерни комбинации,дури и фармерки – советува Армани.
Чевли за сите прилики
Иако класичните мокасини се првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе помислите на брендови од калибарот на Армани,она што овој дизајнер го смета за суштинско се лежерните секојдневни чевли.Изберете мокасини или оксфорд,нема да погрешите.
– Пар рамни чевли кои се удобни и практични – нагласува тој.
Квалитетна чанта во класичен стил
– Одлична чанта, како мојата La Prima чанта,ревидирана верзија на еден од моите класици – советува Армани.