
Многумина го прават ова, и тоа е многу погрешно
Романтичните вечери, деловните ручеци или едноставно прославувањето на важен настан не можат да поминат без шише вино.
Меѓутоа, во моментот кога келнерот ќе ви го отвори виното и ќе го спушти шишето, многумина прават голема грешка.
Кога келнерот ќе ви донесе шише вино и ќе ви ја понуди тапата откако ќе го отвори, од вас се очекува да проверите дали етикетата на производителот печатена на тапата се совпаѓа со виното што сте го нарачале и да го проверите квалитетот на самата тапа, колку е цврста и компактна, дали е напукната или распадната и почнува да се рони, колку виното навлегло во неа, дали има кристали, не дај Боже мувла, некаква забележлива аномалија.
За жал, повеќето луѓе мислат дека тапата треба да се помириса, но тоа не е целта.
Секако, откако ќе проверите сè горе наведено, не е лоша идеја да ја мириснете тапата.
Со мирисањето на тапата, можете брзо и лесно да одредите дали виното „повлекло од тапата“ или не. И на тој начин се спасувате од маката да му го вратите виното што не може да се пие на келнерот по 15 минути, откако сите веќе по малку ќе се напиете.