Вообичаеното сценарио е да запознаете некој нов и еден поглед е доволен за да направи сексуален огномет, едвај можете да ги држите рацете подалеку еден од друг, а возбудата од сето тоа се чувствува како да се заљубувате. Но, треба да се биде внимателен.
Премногу е лесно да се погреши експлозивната хемија на физичката привлечност со долгорочен романтичен потенцијал. Но, ако сте подготвени искрено да ги оцените вашите постапки и чувства, не е тешко да ја препознаете вистината.
Ако ги чувствувате овие седум работи, не сте заљубени:
1. Повеќе сте привлечени физички отколку емотивно
Што прво ви го привлече вниманието кај партнерот, дали ја забележавте нивната смисла за хумор или љубезност или тоа беше нивниот изглед и начин на однесување… Нема ништо лошо во тоа некој да изгледа добро и да се цени тој квалитет кај некого, но ако е не придружено со подлабоки причини, можеби ќе бидете разочарани.
2. Велите „да“ на сексот за да останете блиски со некого
Кога првпат ќе започнете да излегувате со некој нов, може да дојде момент кога ќе биде јасно дека тој или таа очекува секс како следен чекор — и дека нивниот интерес за вас може да исчезне ако не се согласите. Да се каже да може да биде лесен начин да се избегне губење на нивниот интерес.
3. Љубовници сте, но не и вистински пријатели
Сексот е навистина добар, можеби дури и одличен. Но, што друго ви е заедничко, за што би разговарале ако нема акција, дали знаете лични податоци за нив што не ги знаат ниту нивните најобични пријатели – ако имате проблем да одговорите на вакви прашања, има голема е веројатноста дека се работи само за секс.
4. Заедничкото време го поминувате во кревет
Дали излегувате заедно на јавни места каде треба да се забавувате и подобро да се запознаете или најчесто се „дружите“ дома каде сексот е веднаш достапен?
5. Кога сексот ќе заврши, сакате да заминете
Самата страст често е сè што е потребно за да се зближат љубовниците. Но, кога сексот ќе заврши, самата страст може да предизвика спротивна реакција – како магнети кои се држат заедно додека не ги свртите на спротивните полови. Ако ниту еден од вас не може да остане и да се гушка или да го помине остатокот од вечерта заедно, тогаш веројатноста за вистинска љубов е мала.
6. Сексот можеби е добар, но сепак се чувствувате незадоволни
Истражувачите препознаа дека биохемијата на сексот – преку ослободување на хормони како окситоцин, допамин и серотонин – треба да создаде чувство на задоволство и поврзаност со партнерот. Но, тоа не може да ја надмине интуицијата за вистинскиот потенцијал на врската. Внимавајте ако после секс се чувствувате празно, а не исполнето.
7. Не сакате да го запознаете партнерот со пријателите и семејството
Дали оваа личност е некој што едвај чекате да го покажете и да го претставите на сите или дали интуитивно се сомневате дека луѓето кои најдобро ве познаваат и сакаат ќе ја видат вистината што се обидувате да ја негирате – ако сте во искушение да ја задржите врската тајна, големи се шансите дека нема да има долготрајни потенцијали.