Не се знаеше дека е бремена: Една од близначките од „Full House“ станала мајка пред неколку месеци

popara16 август, 20231min00
o_30080527_1280

Дизајнерката и поранешна актерка Ешли Олсен, позната по улогата во серијата „Фул Хаус“, стана мајка. Таа и нејзиниот сопруг Луис Ајснер станаа родители – тие добија син кого го нарекоа Ото, како што дознава People. Дополнителни детали не се откриени освен дека машкото бебе е родено пред неколку месеци во Њујорк, а веста до сега се чуваше во тајност, што не е чудно со оглед на тоа што парот е многу приватен.

Ешли и Луис, синот на дизајнерката на накит Лиза Ајснер, се венчаа на мала приватна церемонија во декември 2022 година, по пет години врска. Во целиот тој период ниту еднаш не ја коментираа својата љубов, а ретко објавуваат фотографии на социјалните мрежи. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2021 година, а ретко ги фаќаат заедно дури и папараците.

image

Ешли и нејзината сестра близначка Мери-Кејт Олсен со години не се видени во јавноста. Откако славата ја доживеаја како деца благодарение на улогите во хит серијата „Фул Хаус“, решија да се оддалечат од актерството и да се посветат на модата, а со години имаат свој бренд The ​​Row, кој минималистите го обожаваат. Сестрите ретко се гледаат на големи настани, а единствен исклучок е кога е модата во прашање.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag