Понекогаш се занесуваме со тоа секогаш да имаме совршена фризура, па се препуштаме на голема колекција шампони, балсами, маски, серуми, масла и многу други производи кои се само со етикети „100 во 1“.
Сепак, понекогаш треба да се одморите од интензивната нега на косата и да ѝ дозволите на природата некое време да се грижи за неа на свој начин.
Експертот за нега на коса Џонатан Ван Нес на својот профил на TikTok @jvn_official објави видео кое има повеќе од половина милион прегледи.
Во видеото тој го привлече вниманието на темата за прекумерно миење на косата, особено ако сте физички активни.
Тој забележува дека со миење на косата го „миеме најдоброто“ – природен регенератор за нашата коса. Мастите кои се акумулираат на нашиот скалп, дури и после тренинг кога се потиме, имаат различни придобивки кои треба да ги искористиме. Косата ни ја „хранат“ природно, затоа Џонатан препорачува наместо веднаш да ја измиеме добро да ја исушиме со фен. Најдобро е да користите пониски температури при сушењето, а природните масла ќе се справат со подобрување на текстурата на нашата коса.
Во едно од неговите видеа во кое споделува и совети за нега на коса, го спомна спротивниот ефект кој може да се случи при претерано миење на косата. Затоа, како совет, вели дека најдобро е косата да се мие од два до четири пати неделно, но ништо повеќе од таа бројка.
@jvn_official Do not overwash your hair. Do you hear me? #hairtip #hairtips #howtowashyourhair
Како што вели Џонатан, косата сака себум произведен од лојните, масни жлезди и тие функционираат како регенератор. На ова треба да се гледа како на природна маска за коса, а ако сепак треба да ја измиете, тогаш треба внимателно да изберете шампон и регенератор за коса.
Позитивните коментари го преплавија ова видео, при што луѓето нагласуваат колку всушност се корисни советите.
„Баш барав колку пати да ја мијам косата во текот на неделата, затоа што сфатив дека претерувам“, „Ја мијам косата секој ден, навистина не ми одговара. Ова видео дојде во вистинско време“, „Редовно тренирам и се грижам за своето тело, но одлично е што дел од тоа може да ѝ помогне и на мојата коса“, ова се само дел од 500-те коментари и пофалби под видеото на Џонатан.